ВРНЕДНО БИОМЕТЕО НА ПОПОСКИ: ЗАСИЛЕН ДО СИЛЕН ВЕТЕР, ТРАНСПОРТ НА ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА И ТЕШКО ВРЕМЕ

Почитувани граѓани во оваа анализа ќе останеме само на биометеото и на биометеоролошките услови кој од денес а особено од утре (сабота) значително ќе се влошуваат и тоа поради надоаѓањето на циклонот АЛЕКСЕЈ но и поради надпросечното топло време и транспортот на прашина и песок опд Сахара кое ќе биде условено поради силното јужно и југозападно воздушно струење.

Сето ова ќе услови многу мачно а неретко и тешко и спарно време па така температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Особено кај метеопатите ќе има појава на главоболки како и болки во коските и на местата од старите рани како и повремена нервоза а можна е и несоница но и тежина во главата и телото.

Ќе дува ЗАСИЛЕН , локално повремено и СИЛЕН ветер утре (сабота) од јужен додека во недела истиот правецот ќе го менува во југозападен и западен.

Локално ветерот ќе достигнува брзина од над 80 км/час.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во унтервалот од 16 до 24 степени додека во недела од 7 до 15 степени а во центалните и во југоисточнит епредели од 15 до 20 тепени.

Најнова детална анализа околу врнежите кој ќе ги донесе циклонот АЛЕКСЕЈ следува наскоро.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

90 Прегледи