НАЈНОВО НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: РАНО- ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ ЈА ЗАФАТАТ ДРЖАВАВА!

Во текот на новата недела нашата територија ќе биде под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење кое ќе услови ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите на воздухот кој во најголем дел од државава ќе се искачуваат над 20 степени додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат дури и блису 30 степени односно некаде до околу 28 степени.

Во исто време од Сахара кон нашава државава ќе се транспортира прашина и песок што значи атмосферата нема да биде чиста.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и без врнежи со исклучок на вечерните и ноќните часови четврток кон петок кога има услови за локално дестабилизирање на атмосферата додека одсега гледано поголемо дестабилизирање на атмосферата можно е за време на викендот и на почетокот од следната недела што значи некаде околу 15 – 16 април.

УЖИВАЈТЕ ВО ПРЕКРАСНИТЕ ДЕНОВИ И ВО РАНО – ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НА ВОЗДУХОТ.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

31 Прегледи

МЕТЕОГОЛОТ ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ОД НОРМАЛАТА (АНАЛИЗА)

Во текот на следниот периот нашата територија постојано ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која ќе продира од јужните географски широчина поточно од Северна Африка.

Токму ова ќе услови значителн пораст на температурите на воздухот и тоа како на минималните така и на максималните температури на воздухот.

Во текот на следниот период истите ќе бидат значително над просекот (повисоки некаде за околу 10тина степени а не се исклучува можноста дури и за повеќе).

Од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок па токму поради ова и атмосферата ќе биде нешто позаматена па токму поради ова но и поради поголемата влажност во воздухот времето ќе биде помачно и потешко како и позагушливо.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и многу топло повремено со умерена локална облачност а локално дестабилизирање е можно кон следниот викенд.

Максималните дневни температури на воздухот речиси насекад еќе се искачуваат до околу па и над 20 степени а во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат дури и над 25 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

19 Прегледи

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ НАЈАВУВА ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ И МНОГУ СОНЦЕ (НАЈНОВИ ДЕТАЛИ)

Територијата на нашата држава полека ќе подпаѓа под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса која веќе започна да се чувствува и да продира од југ.

Понатаму облачноста постепено ќе се намалува па така во текот на ноќта и утре (недела ) времето ќе биде ведро односно сончево и МНОГУ ТОПЛО во текот на утрешниот неделен ден. Ќе има појава и на сосема мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во текот на ноќта од северен а утре (недела) од променлив правец.

Минималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени додека маскималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

35 Прегледи

ПОПОСКИ: СЛЕДУВА ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА

Во текот на денешниот ден (четврток) следува дестабилизирање на атмосферата над нашата држава па така времето ќе биде променливо облачно но топло со слаби локални врнежи од дожд во текот на претплднево додека попладне локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец додека маскималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

19 Прегледи

НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО НА МЕТЕОРОЛОГОТ СЛАВЧО ПОПОСКИ

Територијата на нашата држава се наоѓа во поле на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и топла воздушна маса која е со струење од јужните географски широчини кон нашата територија.

Во текот на денешпниот ден (среда) ќе имаме сончево и топло време со мала облачност која во овие утрински и рано – претполадневни часови на исток ќе биде малку поголема.

Потоа во доцните попладневни и вечерни часови како и во текот на ноќта кон утрешниот ден (четврток) ќе има умерена облачност која локално може да биде малку поголема а исто така во текот на ноќта на север има услови за сосема локализиран и слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

37 Прегледи

НАЈНОВА АНАЛИЗА: ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА И ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!

Од четврток попладне до сабота територијата на нашата држава ќе се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе условува на повеќе места повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ.

Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Во петок ќе дува ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ветер кој ќе услови ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД на температурите на воздухот (за околу 5 до 8 степени) па така на највисоките планини на север и северозапад ќе има услови за провејување на снег.

Многу топло ќе биде во четврток кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени додека во петок истите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени додека на крајниот југоисто истите ќе се искачат до околу 20 степени.

За Воскресението Христово – Велигден во недела ќе имаме стабилно, суво, сончево и релативно топло време со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

30 Прегледи

НАЈНОВА АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН

Почитувани граѓани полека но сигурно се наближуваме кон најголемиот Христијански празник Воскресение Христово – Велигден па токму порада ова на сите вас ве интересира какви време ќе имаме за време на велигденските празници.

Ние ги направивме и најновите анализи баш за тие денови и истите го викаат следното: Претежно стабилно, суво и релативно топло време, не се исклучува можноста на вториот ден од Велигден да имаме и сосема краткотраен и локален дожд додека на треиот ден ќе имаме нешто повеќе облачност попладнето.

На првиот ден од Велигден сончево итопло време со сосема мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максимумот на температурите на воздухот за време на најголемиот Христијански празник ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени додека во недела на првиот ден од Велигден максимумот на температурите на воздухот ќе се искачува во интервалот од 17 до 23 степени.

НАПОМЕНА: СО ОГЛЕД НА ТОА ДЕКА ИМА УШТЕ МАЛКУ ВРЕМЕ ДО ТОГАШ МОЖНИ СЕ ИЗМЕНИ ВО ПРОГНОЗАТА ПА ТОКМУ ПОРАДИ ОВА ОФИЦИЈАЛНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНА НАЈДОЦНА ДО ЧЕТВРТОК.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

27 Прегледи

АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО НА МЕТЕОРОЛОГОТ СЛАВЧО ПОПОСКИ: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ПОНАТАМУ

Почитувани по доста бурниот викенд кој го услови моќниот циклон АЛЕКСЕЈ времето се смири и релативно се стабилизира иако денес (понеделник) локално поради нешто повеќе облачност ќе има услови за сосема слаб дожд.

Потоа до среда ќе имаме стабилно, суво и топло пролетно време односно времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец кој особено Долж Повардарието и на исток и тоа особено утре (вторник) ќе се засилува по интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пораст па така истите ќе се искачуваат во интервалот утре (вторник) од 15 до 21 степен додека во среда од 18 до 24 степени.

Токму значителниот пораст на температурите на воздухот ќе условат забрзано и значително топење на снежната покривка на планините.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

27 Прегледи

АЛЕКСЕЈ СИ ЗАМИНА – ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ОЧЕКУВА

Денес (02.04.2018) времето во нашата држава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец кој на југоисток малку ќе засилува по интензитет.

Сепак локално повремено можна е поголема облачност а има услови и за сосема слаб локален дожд.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

Read more

10 Прегледи

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: АЛЕСЕЈ ЗАМИНУВА – ПОСТЕПЕНО ПОДОБРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО!

Моќниот АЛЕКСЕЈ полека но сигурно ја напушта нашата држава па така вечерва ќе има и намалување на брзината на ветерот насекаде во државава а облачноста постепено ќе се намалува и врнежите насекаде ќе престануваат.

Утре (02.04.2018) времето во нашата држава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец кој на југоисток малку ќе засилува по интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

9 Прегледи