ПОПОСКИ: СЛЕДУВА ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА

Во текот на денешниот ден (четврток) следува дестабилизирање на атмосферата над нашата држава па така времето ќе биде променливо облачно но топло со слаби локални врнежи од дожд во текот на претплднево додека попладне локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец додека маскималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

30 Прегледи