МЕТЕОГОЛОТ ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ОД НОРМАЛАТА (АНАЛИЗА)

Во текот на следниот периот нашата територија постојано ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која ќе продира од јужните географски широчина поточно од Северна Африка.

Токму ова ќе услови значителн пораст на температурите на воздухот и тоа како на минималните така и на максималните температури на воздухот.

Во текот на следниот период истите ќе бидат значително над просекот (повисоки некаде за околу 10тина степени а не се исклучува можноста дури и за повеќе).

Од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок па токму поради ова и атмосферата ќе биде нешто позаматена па токму поради ова но и поради поголемата влажност во воздухот времето ќе биде помачно и потешко како и позагушливо.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и многу топло повремено со умерена локална облачност а локално дестабилизирање е можно кон следниот викенд.

Максималните дневни температури на воздухот речиси насекад еќе се искачуваат до околу па и над 20 степени а во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат дури и над 25 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

31 Прегледи