МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ НАЈАВУВА ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ И МНОГУ СОНЦЕ (НАЈНОВИ ДЕТАЛИ)

Територијата на нашата држава полека ќе подпаѓа под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса која веќе започна да се чувствува и да продира од југ.

Понатаму облачноста постепено ќе се намалува па така во текот на ноќта и утре (недела ) времето ќе биде ведро односно сончево и МНОГУ ТОПЛО во текот на утрешниот неделен ден. Ќе има појава и на сосема мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во текот на ноќта од северен а утре (недела) од променлив правец.

Минималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени додека маскималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

60 Прегледи