НАЈНОВО НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: РАНО- ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ ЈА ЗАФАТАТ ДРЖАВАВА!

Во текот на новата недела нашата територија ќе биде под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење кое ќе услови ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите на воздухот кој во најголем дел од државава ќе се искачуваат над 20 степени додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат дури и блису 30 степени односно некаде до околу 28 степени.

Во исто време од Сахара кон нашава државава ќе се транспортира прашина и песок што значи атмосферата нема да биде чиста.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и без врнежи со исклучок на вечерните и ноќните часови четврток кон петок кога има услови за локално дестабилизирање на атмосферата додека одсега гледано поголемо дестабилизирање на атмосферата можно е за време на викендот и на почетокот од следната недела што значи некаде околу 15 – 16 април.

УЖИВАЈТЕ ВО ПРЕКРАСНИТЕ ДЕНОВИ И ВО РАНО – ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НА ВОЗДУХОТ.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.