ВО ЖИВО СЛЕДЕЊЕ НА ВРЕМЕТО: ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ ЈА ЗАФАТИЈА ДРЖАВАВА – ОВАА НОЌ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!

Како што веќе најавивме доцна попладнево и рано вечерва врнежи и грмежи го зафатија североисточниот и северниот дел на државава и тоа поради најавеното интензивирање на циклонот ТОДОР.

Понатаму во доцните вечерни часови и во текот на оваа ноќ врнежи ќе има на повеќе места а истите најинтензивни ќе бидат на запад каде локално ќе наврнат од 25 до 30 л/м2 воден талог.

Локално не се исклчучува можноста за понатамошен развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради падот на температурите на воздухот и поради спуштањето на нешто посвежа воздушна маса од север на највисоките планински врвови на запад ќе има услови за сосема слабо провејување на снег.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

2054 Прегледи