ВИКЕНД АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО – НА ВИДИК НОВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

Како што претходно кажавме утре (четврток) атмосферата над Македонија ќе биде значително постабилна и ќе има значително повеќе сончеви периоди односно времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност особено попладнето кога само на планинските места ќе има услови за сосема краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Повторно повеќе облачност ќе има во денот петок додека веќе навечер и во текот на ноќта кон сабота има услови и за локални врнежи од дожд.

Во денот сабота ќе имаме промелниво облачно време со повремен локален дожд додека попладнето ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи како и засилување на ветерот.

Во недела исто така од пладневните часови па натаму ќе се развива локална нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Температурите на воздухот ќе останат без поголеми промени но веќе во недела ќе биде нешто потопло со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

НАПОМЕНА: Поради тоа што се работи за нестабилност во топлиот дел од годината можни се некој измени понатаму за кој и доколку се случат и секако за секоја ново – настаната временска ситуација навремено ќе бидете информирани.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

3169 Прегледи