МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ ИНФОРМИРА: ПО ДОЛГ ПЕРИОД ТОДОР ЗАМИНУВА! ПОГЛЕДНЕТЕ ДЕТАЛИ

По долг временски период моќниот ТОДОР кој со денови условуваше нестабилно време со чести врнежи, грмежи и невреме заминува од денес (среда) што значи во текот на денешниот ден како и утре (четврток) атмосферата над државава ќе биде многу постабилна а ќе има и многу повеќе сонце иако особено на планинските места не се исклучува можноста за сосема краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Денес (среда) ваквите услови ќе бидат поголеми на исток и југоисток.

Ќе дува умерен ветер од југозападен правец кој повремено и локално ќе засилува по интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

3001 Прегледи