ЕКСКЛУЗИВНО: ДОАЃА НОВ ЦИКЛОН- ВЛАДИМИР: ПРВИЧНИ ДЕТАЛИ

Почитувани граѓани не секогаш значи кога сме во поле на висок воздушен притисок да немаме и стабилно време иако кога станува збор за ваквото поле многу често имаме стабилно и суво време без никакви врнежи.

Овој пат точно така дека сме во поле на релативно висок воздушен притисок но на висина веќе од понеделник ќе се наоѓа циклонски систем што значи ќе кружи влажен и значително понестабилен воздух (висински циклон).

Токму ова од понеделник кај нас значително ќе да дестабилизира атмосферата па така вренежите и грмежите ќе зачестат на повеќе места и тоа особено од пладневните часови па натака.

Поради значително загреаната атмосфера како и поради високите температури на воздухот ќе се создадат услови и з алокалн ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси кој би можело да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

Ситуацијата континуирано понатаму ќе ја следиме и за секоја ново – настаната временска состојба навремено ќе ве информираме и секако развојот на очекуваната нестабилност ќе го следиме ДИРЕКТНО преку радарските центри и ќе информираме навремено.

Да напоменеме дека и утре (недела) попладнето ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи особено на југ од државава.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

162 Прегледи

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: ДОАЃА ЛЕДЕНА ДОБА НО ЛЕТАТА НЕМА ДА ИСЧЕЗНАТ!

Почитувани граѓани последните години сме сведоци на тоа како многу често се зборува за глобалното затоплување и како нашата држава ќе стане пустина и ќе нема живот, сето тоа е најголемата глупост што може да постои во светот и сето ова го прават за да создадат паника меѓу граѓаните низ целиот свет, вели метерологор Славчо Попоски.

Станува збор за опаѓање на глобалната температура на земјата и намалување на сончевата активност, сето ова е сосема нормално и очекувано за земјината полутопка. Станува збор за нормален циклуз низ која земјата мора да помине.

Во следните години САД како и Европскиот Континент ќе се соочуваат со значително постудени и поснежни зими и истите веќе и ги чувствуваме.

Многу луѓе умираат поради студовите во текот на зимскиот период во САД и низ Европа.

Можете да приметите дека во последните години и кај нас се зачестени продорите од северните географски широчини и токму ова е поради овој циклус.

Овој циклус ќе услови во текот на зимскиот период во следните години низ САД и Европа да се мерат екстремно ниски температури на воздухот и значителни снежни врнежи како и подолги зими.

Сепак и покрај ова доколку некаде прочитате дека летата ќе исчестат тоа нема никаква врска, летата остануваат и тоа не значи дека нема да има топли лета и екстремно високи температури на воздухот во текот на летниот период и покрај тоа што полека навлегуваме во постудениот циклус.

Овој циклус исто така може да условува и временски непогоди како и поплави и истите може понатаму да бидат и се почести како што се во последните години.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

3754 Прегледи

НЕДЕЛА – ДЕН ЗА ИЗЛЕТ: ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ТОА КАКВО ВРЕМЕ НЕ ЧЕКА!

Почитувани граѓани денот недела посебно во овој топол ден од годината е створен за прошетка и излет во природа поради тоа што најголем дел од граѓаните се слободни од своите работни обврски.

Утре (недела) атмосферата над нашата држава ќе биде релативно постабилна а времето ќе биде сончево итопло со умерен аоблачност попладне кога само на планинските места во државава како и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има услови за сосема локален и краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

2674 Прегледи

НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ПОПОСКИ: ЕВЕ ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ПОНАТАМУ ОД ВРЕМЕТО

Во текот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а има услови и за слаб локален дожд.

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот и тоа особено на југ и исток на државава.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Утре (недела) попладне ќе има поретка појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

3762 Прегледи