ЦИКЛОНОТ ВЛАДИМИР ДОНЕСЕ НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ – ПОПЛАВИ ВО МАКЕДОСНКИ БРОД! ПОГЛЕДНЕТЕ

Попладнево циклонот ВЛАДИМИР донесе ново ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ на повеќе места во државава проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и локална појава на град.

Локално поради поројните врнежи регистрирани се и локални поројни поплави а влијанието на циклонот ВЛАДИМИР ќе продолжи и следните денови.

Следното видео кое ќе го погледнете доаѓа од Македонски Брод каде можете да погледнете каква беше ситуацијата после големото невреме:

https://www.facebook.com/slavco.poposki/videos/1664666000315767/?t=0

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

2433 Прегледи

ВО ЖИВО СЛЕДЕЊЕ НА ВРЕМЕТО НА ПОПОСКИ: МНОГУ ГРМИ ВО ДРЖАВАВА – МОЖНО НЕВРЕМЕ! ДЕТАЛИ

Во овие рани попладневни часови веќе во најголем дел од западната половина на државава како и во Скопскиот регион има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално на овие места претежно на планинските региони има и локална појава на град а сите овие процеси се проследени и со електрични празнења.

Понатаму оваа нестабилност ќе се прошири и во најголем дел од нашата држава и истата ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, значително количество на воден талог за кратко време, засилен ветер и услови за појава на град.

Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

3639 Прегледи

ВНИМАНИЕ: ПОПЛАДНЕВО И ВЕЧЕРВА ВЛАДИМИР НОСИ МОЖНОСТ ЗА НЕВРЕМЕ И ВО СКОПСКО! ДЕТАЛИ

Како што претходно најавивме попладнево и вечерва ВЛАДИМИР на многу места ќе услови пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ кое ќе биде проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.

Попладнево и вечерва и во Скопскиот регион ВЛАДИМИР ќе создаде услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за локална појава на град.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

3134 Прегледи

ЦИКЛОНОТ ВЛАДИМИР СИНОЌА ГО ПОТОПИ ТЕТОВО! ДЕТАЛИ

Во текот на вчерашните вечерни часови северозападниот дел од државава како и делови од Скопскиот регион беа зафатени од влажна и нестабилна воздушна маса која се спушти од северозапад и која беше во склоп со циклонот ВЛАДИМИР.

Оваа маса беше проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Најмногу од циклонот ВЛАДИМИР во текот на вчерашната вечеш беше погоден Тетовскиот регион каде поради големото количество на воден талог за многу кратко време беа предизвикани локални поројни поплави а улиците во градот буквално беа потопени во вода:

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

1246 Прегледи

ПО ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ НА СЕВЕРОЗАПАД: ВЛАДИМИР НОСИ НОВО НЕВРЕМЕ! ВНИМАНИЕ!

Во текот на денешното претпладне времето во државава ќе биде умерено облачно со сончеви периоди (локално и подолги).

Од пладневните часови ќе се развива нестабилна облачност која на многу места ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за локална појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека вочарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

4686 Прегледи