ВО ЖИВО ОД РАДАРСКИТЕ ЦЕНТРИ: ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: ВЛАДИМИР ГИ ПОГОДИ ПОЛОГ И КРИВА ПАЛАНКА!

Во текот на овие попладневни часови Полошкиот регион како и Криво Паланечкиот регион се на удар на циклонот ВЛАДИМИР кој во овие предели условува нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилењн ветер и локална појава на град.

Токму ова големо невреме услвоува и локални поројни поплави во овие предели.

Понатаму под влијание на циклонот ВЛАДИМИР времето ќе биде нестабилно облачно на повеќе места со поројни врнежи од дожд, грмежи, електрични празнења, засилен ветер а локално процесите ќе бидет ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град.

Во ваква ситуација можни се и локални поројни поплави.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

3683 Прегледи

КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПОПЛАДНЕВО И ВЕЧЕРВА: ВЛАДИМИР РАЗВИВА ОЛУЈНИ СИСТЕМИ! ЌЕ ИМА НЕВРЕМЕ!

Во најголем дел од западната половина од државава ова рано попладне има развој на нестабилна облачност која е проследена со пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

Понатаму во текот на попладневните како и во вечерните часови на многу места ќе продолжи развивањето на нестабилна облачност која е во склоп на циклонот ВЛАДИМИР и истата ќе условува пороен дожд, грмежи, електрични празнења, и засилен ветер.

Локално процестите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Во зоната на големата нестабилност се очекува и ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО на воден талог кој може да услови локални и поројни поплави.

Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

2652 Прегледи

ПОПОСКИ ЗА КТВ ТЕЛЕВИЗИЈА: ОПАСНОСТ ОД НЕВРЕМЕ И ВО ТИКВЕШИЈАТА – АНАЛИЗА

Продолжува периодот на нестабилно време со поројни врнежи од дожд и град во поедини реони. И денеска попладне прогнозата е дека можно е да се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме.

 

„Во текот на денешното попладне како и вечерва во Tиквешкиот регион растат условите за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста локално процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења и појава на град. Значи во ваков случај и во случај на појава на електрични празнења граѓаните на тој регион да бидат крајно претпазливи“ прогнозира метео прогнозерот Славчо Поповски за денеска попладне.

 

Тој нагласува дека интензивни процеси се можни и во поголемиот дел од државата.

 

Синоќа невреме со град го зафати селото Дебриште. Паѓаше град со големина на зрна кикиритки и направи штети на грозјето и праските.

 

„ Штетата е голема, оштетувањата според нас се стопроцентни кај лозјата и педесет отсто кај праските. И фотографиите кажуваат. Ги молиме надлежните да излезат на терен и да ги проценат штетите, рече Виктор Стојанов од Дебриште.

 


Драганчо Николов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Кавадарци, потврди дека штети има во атарите на росоманските Дебриште и Камен дол. Рече дека уште денеска ќе излезат на терен за да ги согледаат состојбите и да им дадат препораки на оштетените.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

2736 Прегледи

ВЛАДИМИР: СТРАШНО НЕВРЕМЕ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА БАЛКАНОТ! КРАЈНО ВНИМАНИЕ!

Освен во нашата држава ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ циклонот ВЛАДИМИР до крајот на овој ден (среда) ќе донесе и во најголемиот дел од Балканскиот Полуостров (регионот).

Буквално во секоја држава од Балканот ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО и на многу места ќе има поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер како и електрични празнења.

Локално можна е појава и на СИЛНО НЕВРЕМЕ проследено со интензивни врнежи од дожд и од град, силни и чести електрични празнења, силен ветер како и големо количество на воден талог кој може да услови локални поројни поплави.

Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

4590 Прегледи

СПРЕМЕТЕ СЕ: ВЛАДИМИР НОСИ ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И НЕВРЕМЕ СО ГРАД! НАЈНОВИ ДЕТАЛИ

Влијанието на циклонот ВЛАДИМИР и натаму продолжува.

Уште во текот на претпладнево и тоа особено од доцните претпладневни часови па натаму ќе се развива нестабилна облачност која на многу места ќе биде проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер како и електрични празнења.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Во зоната на големата нестабилност се очекува и ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог со што може да дојде и до локални поројни поплави.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Врнежите и нестабилноста ќе продолжат и во текот на вечерните часови а локално и во текот на ноќта кон утрешниот ден (четврток).

Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека вочарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

5186 Прегледи