НАЈНОВИ ДЕТАЛИ ОКОЛУ ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА – ПОПОСКИ СО ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Продолжува периодот на претежно стабилно и топло време, односно времето и понатаму ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност додека за време на викендот ќе засилува ветерот од северен правец.

Особено на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

УВ ИНДЕКСОТ денес и утре (петок) ќе изнесува 9 додека за време на викендот ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува од 10 до 11.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

480 Прегледи