ВО ЖИВО СЕ СЛЕДИ ВРЕМЕТО СО ПОПОСКИ: НА ЗАПАД ИМА НЕСТАБИЛНОСТ, РЕГИСТРИРАН Е И ГРАД! ДЕТАЛИ

Во овие попладневни часови како што беше и најавено а и како што беше сосема очекувано западните предели посебно оние планински места и населените места кој се наоѓаат во близина на планините се под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која условува пороен дожд, грмежи, засилен ветер, електрични празнења а на планините е регистрирана и локална појава на град.

Нестабилност ќе се задржи и понатаму поточно до крајот на денот и исто така ќе биде проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, електрични празнења а има услови и за локална појава на град.

Иста временска систуација може да очекуваме и во текот на утрешниот петочен ден а тоа значи попладнето на запад и тоа на планините и во населените планински места ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, електрични празнења а има услови и за локална појава на град.

Како што претходно најавивме утре (петок) ќе биде најтопло кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 – 34 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

1524 Прегледи

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕСТАБИЛНОСТ, ДОЖД, ГРМЕЖИ И ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

Во текот на попладнево како и утре (петок) попладне во западните планински предели како и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за нешто поинтензивни атмосферски процеси кој ќе бидат проследени со електрични празнења и услови за појава на град.

Со ова западните предели како и југозападот од државава влегува во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА поради опасност од локално НЕВРЕМЕ.

Сето ова се случува поради значително загреаната атмосфера како и поради многу високите температури на воздухот и екстремно високиот УВ ИНДЕКС.

Во случај на вакви атмосферски појави во овие предели од државава ВНИМАНИЕ.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

2766 Прегледи

АТМОСФЕРАТА МНОГУ СЕ ЗАГРЕВА – РАСТАТ УСЛОВИТЕ ЗА НЕСТАБИЛНОСТ И НЕВРЕМЕ!

Во текот на денешниот четврточен ден времето во државава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер претежно од северен правец.

Во попладневните часови особено во планинските предели како и на оние населени места кој се во близина на планините и тоа особено на запад ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално не се исклучува можноста и за нешто поинтензивни атмосферски процеси проследени со електрични празнења и услови за појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Понатаму услови з алокално НЕВРЕМЕ ќе има и за време на викендот кој доаѓа како и на почетокот од следната недела.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

2378 Прегледи

АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГ ПОПОСКИ: ОПАСНОСТ ОД НЕВРЕМЕ ПОРАДИ ЗАГРЕАНАТА АТМОСФЕРА ПОНАТАМУ!

Понатаму атмосферата значително ќе се загрева поради Африканскиот бран и многу високите температури на воздухот како и поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИОТ УВ ИНДЕКС, од друга страна пак истата и полека се повеќе и повеќе ќе се дестабилизира од викендот кој ни доаѓа па така и на повеќе места разват условите за врнежи и за грмежи како и за ПОИНТЕНЗИВНИ АТМОСФЕРСКИ ПРОЦЕСИ (НЕВРЕМЕ).

Ние понатаму детално ќе ја анализираме ситуацијата и развојот на временската состојба над нашата држава и за многу скоро време ќе излеземе и со конечка прогноза околу ова а доколку треба и со ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

5257 Прегледи

БИДЕТЕ КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ И РАЗЛАДУВАЈТЕ СЕ: АФРИЧКИ БРАН ВО ДРЖАВАВА! ДЕТАЛИ

Во текот на следните неколку денови а особено до петок граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да пијат што повеќе течности а доколку излегуваат со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да понесат заштитна опрема и тоа капа и наочари за сонце.

Старите и изнемоштени лица ги советуваме во НИКОЈ СЛУЧАЈ да не се движат и да не бидат изложени врз сончевото зрачење и тоа во периодот некаде од 10 до 18 часот.

Токму ова предупредување го издаваме поради Африканскиот бран кој ја зафати нашата држава и кој максимумот ќе го достигне во петок кога ќе биде и најтопло кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 – 34 степени.

Во текот на попладневните часови особено на планинските места но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА ВРЕДНОСТ и ќе има коефициент некаде од 10 до 11.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

2756 Прегледи

ВИСТИНСКО ЛЕТО: ТЕМПЕРАТУРИТЕ РАСТАТ – НАЈНОВИ ДЕТАЛИ

Продолжува понатамошниот раст на температурите на воздухот.

Во текот на денешниот ден (среда) времето во државава ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност.

Во текот на попладневните часови особено на планинските места и во оние населени места кој се во близина на планините и тоа особено на запад и на југоисток ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

1318 Прегледи

МЕТЕО АНАЛИЗА НА ПОПОСКИ: ВНИМАВАЈТЕ – ТОПОЛ БРАН! НАЈТОПОЛ ДЕН ПЕТОК! ДЕТАЛИ

Како што претходно најавивме територијата на државава веќе навлезе во значително потоплата воздушна маса која продира од јужните географски широчини.

Оваа топла маса својот максимум ќе го достигне некаде во петок кога максималните температури на воздухот ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и истите ќе се искачуваат во интервалот некаде од 26 до 33 – 34 степени.

Сосема мал пад на температурите на воздухот ќе има за време на викендот но сепак и покрај ова останува МНОГУ ТОПЛО и понатаму.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА ВРЕДНОСТ и ќе има коефициент од 10 до 11.

На граѓаните ги советуваме и предупредуваме доколку излегуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесат заштитна опрама односно капа и наочари за сонце и да пијат што повеќе течности.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

2386 Прегледи

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: ВНИМАВАЈТЕ – УВ ИНДЕКСОТ ЕКСТРЕМНО ВИСОК: КОЕФИЦИЕНТ 10 – 11! ДЕТАЛИ

Почитувани додека некои од другите метеролошки медиуми па и институции кој КОНТИНУИРАНО ги користат лагите и го лажат народот за секое метеоролошко случување па така истото се случува и во текот на овој летен период од годината и тоа во поглед на УВ ИНДЕКСОТ (СОНЧЕВОТО ЗРАЧЕЊЕ).

Станува збор околу тоа дека во текот на следните денови како што веќе најавивме и ифнормиравме територијата на нашата држава ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која продира од јужните географски широчини и истата ќе услови позначителен пораст на температурите на воздухот во текот на следните денови кој ќе се искачуваат во интервалот некаде од 25 до 33 – 34 степени.

Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност додека во попладневните часови има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.

Токму ова ќе услови и ЕКСТРЕМНО ВИСОК УВ ИНДЕКС кој ќе има коефицитен некаде од 10 до 11 па така на граѓаните ги советуваме и предупредуваме доколку излегуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесат заштитна опрама односно капа и наочари за сонце и да пијат што повеќе течности.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

2760 Прегледи

АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА НЕСТАБИЛНОСТ

Во текот на денешниот ден продолжува влијанието на значително потоплата воздушна маса која продира од јужните географски широчини.

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во попладневните часови особено во западните планински места но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за сосема редок град.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

1564 Прегледи

ТОПЛОТЕН БРАН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА: ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОДАТ ДУРИ БЛИЗУ 35 °C! ДЕТАЛНА АНАЛИЗА

Во текот на следните денови територијата на државава ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која продира од јужените географски широчини и истата ќе условува позначителен порарст на температурите на воздухот.

До петок температурите ќе растат и во петок ќе биде најтоплиот ден од овој топол бран кога максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 – 34 степени.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност додека во попладневните часови локално особено во планинските места и во оние места кој се во близина на планините ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА ОД МНОГУ ВИСОК И ЕКТРЕМНО ВИСОК УВ ИНДЕКС: Во текот на следните денови УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висок и ЕКСТРЕМНО ВИСОК коефициент и ќе изнесува некаде од 10 до 11 па така доколку излегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да си понесета заштитна опрема односно капа и наочари за сонце.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

4425 Прегледи