МЕТЕОМАКС И МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ ЗАПОЧНУВААТ ГОЛЕМА СОРАБОТКА СО НОВ ТЕЛЕВИЗИСКИ МЕДИУМ!

Почитувани граѓани најголемиот метеоролошки медиум во државава Метеомакс и метеорологот Попоски започнуваат ГОЛЕМА СОРАБОТКА со нов телевизиски медиум.

Метеорологот Попоски и покрај тоа што се појавува во повеќе телевизиски медиуми со цел да ги предупредува граѓанит еза евентуално невреме одсега па натаму поточно од следната недела (понеделник) ќе може да го гледате и на националната прилепска телевизија Канал Визија.

Повеќе детали околу ова наскоро.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

2248 Прегледи

ЕДИНСТВЕНО САМО НА МЕТЕОМАКС: НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ!

Почитувани во текот на веќе изминатата недела бевме сведоци на висински циклон кој веќе многу добро го објаснивме како и зошто настанува и што условува во овој топол период од годината. Овој висински циклон го носеше името ВЛАДИМИР.

Токму овој висински циклон услови на повеќе места развој на нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на развојот на нестабилноста.

Не ги избегнавме ниту штетите врз земјоделието поради појавата на врнежи од град и тоа секако посебно во источната половина од државава каде имаме веќе и информации дека некои земјоделски култури за жал се 100% уништени и тоа во Свети Николско.

Појава на интензивни врнежи и локални поројни поплави се појавија во Тетовскиот регион а слично невреме со појава на град е регистрирана и во Беровскиот како и во Криво Паланечкиот регион како и во Скопско.

Што се однесува до температурите на воздухот и нема многу што да зборуваме и анализираме токму околу ова затоа што истите се движеа во границите на нормалните за овој дел од годината и тоа на многу места истите се искачуваанад 20 степени, локално и до околу 25 степени додека во најтополите региони истите се искачуваа до околу 30 степени.

Слични временски услови следуваат и во текот на оваа нова недела која е пред нас.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

2324 Прегледи

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: СЕРИЈА НА ЗЕМЈОТРЕСИ УТРИНАВА ВО ОХРИДСКО – ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН!

Во текот на изминатата ноќ поточно во раните утрински часови серија на земјотреси ги вознемирија жителите на Охрид и Преспа.

Најсилниот потрес е со интензитет од 3.2 степени според Рихтеровата скала.

Се надеваме дека понатаму тлото ќе се смири и ќе нема нови потреси.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

3463 Прегледи

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ СО НАЈАВА: МЕТЕОРОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ОДИ НАПРЕД! ДЕТАЛИ

Почитувани граѓани на мојот офоцијален фејсбук профил пред некое време најавив дека метеорологијата во државава напредува и оди напред а сега се огласувам и низ медиумите во државава, се работи околу имињата на циклонските системи кој се почесто ја зафаќаат нашата држава како и регионот.

Како што можевте да видите во текот на изминатиот период циклонските системи (циклоните) ги именуваме и сето тоа е сосема нормално и професионално.

Официјално го најавуваме деталниот именик на циклоните кој понатаму во текот на оваа 2018 година следуваат и ќе ја зафаќаат нашата држава што значи наскоро го објавуваме овој детален именик на циклоните во државава низ медиумите во Македонија.

Со ова Македонија прави огромен чекор напред во поглед на Метеорологијата.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

2766 Прегледи

ЦИКЛОНОТ ВЛАДИМИР СИНОЌА ГО ПОТОПИ ТЕТОВО! ДЕТАЛИ

Во текот на вчерашните вечерни часови северозападниот дел од државава како и делови од Скопскиот регион беа зафатени од влажна и нестабилна воздушна маса која се спушти од северозапад и која беше во склоп со циклонот ВЛАДИМИР.

Оваа маса беше проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Најмногу од циклонот ВЛАДИМИР во текот на вчерашната вечеш беше погоден Тетовскиот регион каде поради големото количество на воден талог за многу кратко време беа предизвикани локални поројни поплави а улиците во градот буквално беа потопени во вода:

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

1140 Прегледи

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ АНАЛИЗИРА ШТО ТОЧНО Е ВИСИНСКИОТ ЦИКЛОН И КАКО НАСТАНУВА!

Почитувани граѓани оваа недела ќе помине во знакот на висинскиот циклон ВЛАДИМИР и истиот ќе условува чести врнежи и грмежи како и локално НЕВРЕМЕ, многу од граѓаните не знаат што значи и како настанува висинскиот циклон. Погледнете ја анализата:

Почитувани сигурно на многу од вас кога станува збор за зборот ВИСИНСКИ ЦИКЛОН им е нејасно што тоа значи, тоа лично за сите вас решив да го анализирам и стручно да ви го објаснам во поглед на метеоролошки аспект:

Висински циклон значи кога во долниот слој од атмосферата владее поле на висок воздушен притисок а во горниот слој на истата низок воздушен притисок и циклонски систем, сето ова доведува во горниот слој на атмосферата да кружи влажен и многу нестабилен воздух и истиот во топлиот дел од годината условува почести врнежи и грмежи а поради загреаната атмосфера исполнета со енергија и интензивни атмосферски процеси (невремиња). После ова мислам дека колку – толку ви се разјаснети овие работи.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!
3057 Прегледи

ЦИКЛОНОТ ВЛАДИМИР ДОНЕСЕ ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО БИТОЛА: ЗА КРАТКО ВРЕМЕ ПАДНАА ОКОЛУ 40 ЛИТРИ ДОЖД

Во текот на вчерашните доцни попладневни како и во вечерните часови од југ кон нашата територија навлизе доста понестабилна и влажна воздушна маса која беше во склоп со новиот циклон ВЛАДИМИР.
Најизразена оваа нестабилност беше во Битолскиот регион каде процесите беа и најинтензивни проследени со електрични празнења, засилен ветер, интензивен пороен дожд и локална појава на град.
Во Битолско за кратко време наврна и големо количество на воден талог и тоа некаде околу 40 л/м2 воден талог.
Нестабилност имаше и во поголемиот дел од јужните предели на државава како и на југозапад проследена со врнежи и грмежи.
Слично време со чести врнежи и грмежи ќе продолжи и во текот на следните денови а има услови и за локално НЕВРЕМЕ и изразени атмосферски процеси.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

4294 Прегледи

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: ДОАЃА ЛЕДЕНА ДОБА НО ЛЕТАТА НЕМА ДА ИСЧЕЗНАТ!

Почитувани граѓани последните години сме сведоци на тоа како многу често се зборува за глобалното затоплување и како нашата држава ќе стане пустина и ќе нема живот, сето тоа е најголемата глупост што може да постои во светот и сето ова го прават за да создадат паника меѓу граѓаните низ целиот свет, вели метерологор Славчо Попоски.

Станува збор за опаѓање на глобалната температура на земјата и намалување на сончевата активност, сето ова е сосема нормално и очекувано за земјината полутопка. Станува збор за нормален циклуз низ која земјата мора да помине.

Во следните години САД како и Европскиот Континент ќе се соочуваат со значително постудени и поснежни зими и истите веќе и ги чувствуваме.

Многу луѓе умираат поради студовите во текот на зимскиот период во САД и низ Европа.

Можете да приметите дека во последните години и кај нас се зачестени продорите од северните географски широчини и токму ова е поради овој циклус.

Овој циклус ќе услови во текот на зимскиот период во следните години низ САД и Европа да се мерат екстремно ниски температури на воздухот и значителни снежни врнежи како и подолги зими.

Сепак и покрај ова доколку некаде прочитате дека летата ќе исчестат тоа нема никаква врска, летата остануваат и тоа не значи дека нема да има топли лета и екстремно високи температури на воздухот во текот на летниот период и покрај тоа што полека навлегуваме во постудениот циклус.

Овој циклус исто така може да условува и временски непогоди како и поплави и истите може понатаму да бидат и се почести како што се во последните години.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

3699 Прегледи

ACCUWEATHER: ЗАКАНА ОД НОВИ ПОПЛАВИ КАЈ НАС ОВА ЛЕТО!

Чест развој на олујни системи проследени со интензивни поројни дождови, силни ветришта, силни електрични празнења и појава на град како и локални поројни поплави.

Ваква е сликата за ова лето за нашата територија како и за цел јужен Балкан како и за јужните предели на Италија.

Западна Европа би имала најдолго и најтопло лето додека соседна Грција би имала едно нормално топло лето.

Се на се гледано кај нас покрај тоа што ќе имаме едно топло или надпросечно топло лето сепак истото би било и значително понестабилно со почести врнежи и појава на невремиња.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

2066 Прегледи

ТОРНАДО НОСЕШЕ СЕ ПРЕД СЕБЕ – ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ БЕСНЕЕ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА И БАЛКАН!

Овие денови освен кај нас и регионот сташно невреме беснее низ цел Европски Континент условувајќи интензивни поројни дождови, силни грмежи и громови, силни ветришта, торнада и појава на интензивни врнежи од град.

Невреме со град пустоши низ целиот регион каде поради интензивните поројни дождови има и локални поројни поплави а градот кој паѓаше на многу места им создава големи проблеми на оние граѓани кој се занимаваат со земјоделските култури.

Следното видео кое ќе го погледнете доаѓа од Германија и е направено вчера (среда), се работи за страшно невреме и торнадо кое буквално пустоши и носи се пред себе:

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2227361537486935/?t=67

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

 

 

4411 Прегледи